NhacVibe
Ảnh bìa Елко, елко | Стела и Сани

Елко, елко | Стела и Сани

Стела и Сани · 5 Tr lượt xem · Đã công chiếu vào 14 thg 12, 2020

Mô tả

Надвор сѐ е магично. ✨
А, во собата една елка е без лампиони. 🌲
Елката на Стела и Сани. Ајде да ја китиме заедно.🤗
#СтелаиСани #ЗаСитеДеца #УчимеЗаедно

🎄 Елко, елко (текст)🎄:

Среде соба високо
елката ни стои
и ја красат играчки
во илјада бои.

Елко, елко порасни уште
две три педи
за да може Дедо Мраз
дарови да реди.

Снежана од гранките милно ни се смее
и ви вели весело секој нека пее.

Елко, елко порасни уште
две три педи
за да може Дедо Мраз
дарови да реди.

Тука е играчката
вчера што ја сонив
многу, многу играчки
многу лампиони.

Елко, елко порасни уште
две три педи
за да може Дедо Мраз
дарови да реди.

Музика: Тодор Скаловски
Текст: Србо Ивановски
Аранжман: Александар Митевски
Исполнуваат: Анастасија Аневска (Стела) и Петар Дабески (Сани)

Добредојдовте на нашиот официјален канал! 🤩

Стела и Сани се првите македонски 3D анимирани карактери од детски едукативни видеа и книги наменети за едукација и анимација на деца до 10 години. Тие се создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал”, со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Видеата се наменети за едукација на најмладите преку создавање високо квалитетна содржина со што ќе се афирмира мајчиниот јазик и ќе се развива детската имагинација преку музика и забава соодветна за нивната возраст. Темите опфаќаат: изучување на македонската азбука, изучување на животните, поттикнување навики за лична хигиена и зачувување на животната средина, другарство и мултиетнички